Blue Grey Red
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  • PayPal од денес во Република Македонија

    Од денеска, 17 јуни, вторник, 2014 година, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Со задоволство Ве информираме дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay…

    Повеќе...

  • Е-top up услуга од ВИП

    Новата услуга што ја најави ВИП,мобилниот оператор,која во соработка со УНИ банка беше презентирана во Скопје и наречена "E-top up" се стави во употреба откако во живо беше извршена првата…

    Повеќе...

  • Светскиот пазар достапен преку интернет продавница

    Извештајот за состојбата со електронската трговија што го изготви УСАИД на барање на Министерството за информатичко општество и администрација, покажа дека електронската трговија, во нашата земја не е доволно развиена…

    Повеќе...

  • Како Србија размислува за електронска трговија

    Е-трговијата станува доста актуелна тема во Македонија но и во соседните држави. Ова е важно бидејќи ќе придонесе до поставување принципи за водење на е-трговијата на Балканот кој иако заостанува…

    Повеќе...

Анкета

Дали ви се допаѓа нашата веб страна ?
 

Календар

December 2019
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5
You are here:
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  • Е-продавници

  • Банки

  • Платежен процесор

Пејпал доаѓа во Македонија

Граѓаните од следната година ќе може да продаваат и да купуваат производи низ целиот свет. Иво Ивановски, министер за информатичко општество, вели дека Министерството успеало со интервенции преку нашата дијаспора да воспостави контакт со првиот човек на „Пејпал“, кој дал согласност Македонија од наредната година да влезе во нивниот список.

„Пејпал“ е систем кој овозможува интернет-купување и продавање производи и услуги, како и трансфер на пари. Овој систем обезбедува безбедност на пратките бидејќи „Пејпал“ е поврзан со сите пошти во светот и, ако се случи некоја пратка да се загуби, тој ги контактира поштите и проблемот може да се реши лесно - објаснува Ивановски. За оваа цел, како што истакна тој, ќе бидат потребни помали измени во Законот за банки, по што ќе може да се овозможи купување и продавање преку интернет. - Влезот на „Пејпал“ како најголем бренд е сигнал за другите земји дека Македонија е развиена земја бидејќи овој систем не влегува во секоја земја - информира Ивановски.

Владата донесе Закон за електронско тргување кој ги регулира сите стандарди и овозможува непрекинато тргување преку интернет, со тоа што граѓаните знаат каде да се упатат доколку има интернет-криминал, како што се службите во МВР и инспекциските служби во Министерството за економија. - Електронската трговија во Република Македонија е овозможена преку банките и системот Касис. Македонските фирми преку својата интернет-страна може да продаваат производи. Проблемот е кога сакаат да продаваат надвор затоа што македонските банки не се ставени во групата на реномирани банки од големите трансактори кои овозможуваат електронска трговија низ целиот свет - вели Ивановски. Тој објаснува дека доколку една компанија сака да продава производи низ светот, треба да отвори банкарска сметка надвор од Македонија каде што купувачот преку платежна картичка ќе ги префрли парите во таа банка и потоа од таа банка парите се трансферираат во македонската банка. Проблем има и доколку нашите граѓани сакаат да купуваат од странство. - Граѓаните што сакаат да купуваат преку интернет, не можат да го сторат тоа бидејќи нашите платежни картички не се одобрени надвор од светските трансактори - информира Ивановски.