Од денеска, 17 јуни, вторник, 2014 година, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Со задоволство Ве информираме дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay…
Новата услуга што ја најави ВИП,мобилниот оператор,која во соработка со УНИ банка беше презентирана во Скопје и наречена "E-top up" се стави во употреба откако во живо беше извршена првата…
Извештајот за состојбата со електронската трговија што го изготви УСАИД на барање на Министерството за информатичко општество и администрација, покажа дека електронската трговија, во нашата земја не е доволно развиена…
Е-трговијата станува доста актуелна тема во Македонија но и во соседните држави. Ова е важно бидејќи ќе придонесе до поставување принципи за водење на е-трговијата на Балканот кој иако заостанува…
MORE
Од денеска, 17 јуни, вторник, 2014 година, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Со задоволство Ве информираме дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay Pal Send.
Ова е резултат на разговорите кои на највисоко ниво се водеа уште од 2008 година и постојаните контакти со нив, при што изминатиов период Република Македонија беше ставена на нивната приоритетна листа за користењето на услугите на PayPal.
Претходно од страна на Министерството за информатичко општество и администрација беа исполнети сите предуслови за доаѓањето на PayPal и беше усогласена неопходната законска регулатива.
Контактите на Министерството за информатичко општество и администрација и оваа компанија и натаму ќе продолжат со цел понатамошно унапредување на соработката.